Изложба на дела од работилницата „Емоции за еден град”

Од:

Дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата „Celebrate Life/ Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 16-ти февруари 2019 година во Кафе Винил во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

Загадениот воздух е темата која што ќе ја обработува изложбата, проблем кој што беше мапиран по пат на истражување како дел од изложбата на Индог.

Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.

Куратор на изложбата е Индог и ќе може да се погледнат дела на: Medina Hodja, NaVe, Гога Стојковска, Дарко Лековски, Дијана Недева, Димитар Чаки Чакар, Јован Јосифовски, Кристијан Стевковски, Мартин Митровски, Матејин Бојан.

Изложбата ќе биде поставена до 28-февруари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска