Поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да бидат мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент е целта на изложбата на делата на младите уметници кои конкурираа во пет дисциплини на конкурсот на Агенцијата за Млади и спорт.
Како што соопштија денеска на прес-конференција од Агенцијата, делата на изложбата кои Агенцијата ја организира по втор пат ќе бидат изложени во среда на 11 ноември во Националната Галерија на Македонија – Мала Станица.