Изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2017“ ќе биде отворена вечер во НЛБ Галерија, во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, компанијата „ВИА“ – Вевчани и НЛБ Банка а.д. Скопје.
Ќе бидат претставени дела на ликовни уметници-учесници на Колонијата од Франција, Египет, Виетнам, Русија, Украина, Србија, Албанија, како и делата на македонските уметници: Петар Попчев, Станко Ѓорѓиев, Атанас Атанасовски, Павле Кузманоски, Доне Миљановски, Ставре Димитров-Стадим, Данчо Ордев, Живко Поповски, Антони Масневски и Ниче Василев.
На отворањето на изложбата ќе има и видеопроекција за активностите на Колонијата во годината што изминува и ќе бидe промовиран каталогот „Пресликана природа“ во кој се содржани критички осврти и приказ на уметничките дела на сликарите во 2017 година.
Колонијата „Вевчански видувања“ секоја година почнувајќи од 2010-та се одржува на крајот на јуни во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани. Досега учествувале над сто уметници од Македонија и од странство.