Изложба на дела од Лесновска колонија во Виница

Од:

Во Изложбениот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата на дела од 26. Лесновска ликовна колонија.

На изложбата ќе бидат изложени делата на 27 автори од Србија, Бугарија, Русија и од Македонија, создадени од 26 јуни до 2 јули 2017 година, во амбиенталниот простор на Лесновскиот манастир.

На колонијата досега учествувале бројни и познати ликовни уметници од земјата и странство, а на изложбата ќе бидат претставени дела од авторите Ѓоко Антониев, Кристина Стојчевска, Новица Трајковски, Тони Чатлевски, Васил Костов, Андријана Мациев, Марија Трпеска, Верче Николовска, Ристе Мицевски, Ивана Костадиновиќ, Елеонора Веселинова, Тамара Златенова, Кристина Јовановска, Даниела Никова, Емилија Нушевска, Силвана Богатинова, Бисер Кирилов, Пламена Мариова Димитрова и Олга Панкина.

Изложбата ќе биде отворена до 5 април.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски