Во ликовниот салон во Велес вечер ќе биде отворена изложба на дела од академскиот сликар, Aлександар Станковски.
Изложбата е дел од проектот „Кич, да!?/ Сте или не?/“ на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.
Проектот, што се одржува шеста година по ред, има за цел презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност.