Во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложба на дела од 20. Меѓународна кичевска ликовна колонија.
Ќе бидат претставени 26 дела од исто толку учесници на ликовната колонија во Кичево, која се одржа од 6-ти до 20 јули 2013.
Авторите се од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Германија, Северен Кипар, Романија, Украина и од Египет.
Изложбата во салонот „Империјал 2“ во КИЦ ќе биде отворена за посетители до 18 септември.