Изложба на дела на Валбона Атанасковска во Прилеп

Од:

Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата на дела на ликовниот уметник Валбона Атанасковска. Пред прилепската публика Атанасковска се претстави со 18 дела.

Атанасковска истакнува дека ја привлекува експресионистичкото претставување на пејзажите, портретите и актовите кои ги слика. На изложбата се претставени дела на кои се градовите и местата кои таа ги посетиле.

– Секое место има своја душа. Претставени со силни бои се во моментот, би рекле по ручекот, кога улиците, столиците и масите се празни, но сепак тогаш се разоткрива душата на градот. Некои и така се многу живи, други делуваат осамено. Иако имама завршено како графичар, сепак сликарството е мојата „прва љубов“ и тоа го изразува мојот уметнички темперамент. Со овие дела мојата порака е секој на своите патувања да го доживее местото кое го видел со отворена душа, вели Атанасковска.

Валбона Атанасковска е родена во Тирана, каде завршила средно уметничко училиште, а потоа Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Ова е втора нејзина изложба во Прилеп, а изложувала и во повеќе градови во Македонија, во Албанија, Германија.

Тони Чатлески, директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп смета дека со трите ликовни салони и галерии, Центарот има амбициозна програма со најмногу изложби годишно досега.

Годинава се планирани околу 50 ликовни изложби од кои 36 се финансирани од Министерството за култура, другите се со средства на Центарот. На овој начин Прилеп се етаблира како еден од градовите со најголема ликовна понуда, вели Чатлески.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски