Во Уметничката галерија на Музејот – Куманово вечер ќе биде отворена самостојна изложба „Screenshot“ на академскиот уметник Дејан Божиновски.
Oва е негово трето претставување во Куманово, со циклус дела од најновата продукција работена во 2017 година.
Изложбата прикажува 15 ликовни дела работени во комбинирана техника (акрил и масло на платно). Проектот е дел од програмските активности на НУ Музеј – Куманово и е поддржан од Министерството за култура.
Изложбата ќе биде отворена до 20 јануари 2018 година.