Изложба на Цветанка Јованова во Музејот на македонската борба

Од:

Во Музејот на македонската борба вечер ќе биде отворена изложба на Цветанка Јованова со која авторката ќе одбележи 10 години ликовно творештво.

Јованова (Неготино, 1979) дипломирала во 2001 година на Факултетот за ликовни уметности во Благоевград, Бугарија, на отсекот графика. Пред две години магистрирала на ФЛУ-Скопје, а од 2004 членува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ.

cvetanka-jovanova1

Досега имала десет самостојни изложби во неколку градови во Македонија. Покрај претстојната изложба во Музејот на македонската борба, оваа година Јованова самостојно се претстави и во „Галерија 8“ во Скопје и во Националната галерија во Тетово.

Учествувала и на неколку групни изложби и на повеќе од сто ликовни колонии и работилници во земјата и во странство. Добитник е на наградата за акварел „Тофе Шулајковски“ во 2011 година.

За творештвото на Јованова во воведно излагање на отворањето на изложбата ќе говори Невзат Бејтули-Кица.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска