Изложба на цртежи од Павле Кузмановски

Од:

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде отворена изложба на цртежи од Павле Кузмановски.

Пред љубителите на уметноста, познатиот македонски сликар ќе презентира триесет цртежи, работени по мотиви од поетската книга „Устата на јавето“ од Раде Силјан.

За најновите остварувања на македонски сликар ќе говорат Паскал Гилевски и Климе Коробар.

Павле Кузмановски (Тетово,1939) спаѓа во редот на најзначајните македонски сликари. Во изминатите пет децении творечка дејност организирал педесеттина самостојни изложби во Република Македонија и во странство, а учествувал на над двеста и педесет групни изложби.

Добитник е на престижни национални и меѓународни признанија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски