Во салонот „Ко-Ра“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе се отвори изложбата на цртежи „Небото над Идила“ од Зорица Георгиевска.
Изложбата е резултат на реализација на проектот „И старите можат!!!“ на Центарот за култура и културолошки студии за поддршка на социјалната инклузија на старите лица сместени во домовите.
Зорица Георгиевска (1937) е дипломирана правничка, пензионирана артистка и режисерка во РТС. Авторка е и режисерка на наградувани радио драми, на две книги: кратката лирска проза „Од другата страна“ и „Две сценарија за филм“. На 80 годишна возраст почнува и ликовно да се изразува.