Изложба на цртежи „Ангели – ликови – знаци“ од бугарскиот уметник Роман Кисјов

Од:

Во Музеј на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Роман Кисјов од Бугарија, насловена „Ангели – ликови – знаци“. Постановката на Кисјов, кој меѓу македонската публика е познат и како поет и преведувач, ја сочинуваат 25 цртежи работени во последните години.

Изложбата ќе ја отвори Ефтим Клетников, кој ги преведе неговите избрани песни на македонски под наслов „Словото пастир“ што ги издаде „Макавеј“ vo 2010 година.

– Кисјов кај нас е познат како голем вљубеник во модерната македонска поезија, која ја смета за една од најубавите во светот денес. Неа со голема страст ја преведува и афирмира во неговата родна земја. Но, Роман Кисјов не е само преведувач, туку е и сјаен, одличен поет, но и одличен сликар. Впрочем, тој и студирал сликарство на Софиската ликовна академија, кога ја открива не само ликовната, туку и поетската магија, правејќи наскоро од нив извонредно успешна синтеза, или, поарно речено, алхемија во која сликата станува поезија, а поезијата слика, извирајќи двете една од друга како нераскинливи исконски близначки. И во двете овие дисциплини тој е проѕирен, хармоничен и монолитен како кристалите: еднакво инспиративен, длабински екстатичен, стамен и поетичен, вели Клетников во огледот насловен „Обнова на светото“ што го посветил на  цртежите на Кисјов.

Според него, Кисјов е извонреден цртач, кој во сликарството трага по исчезнатите траги на светото, а неговата цртачка уметност е апсолутно спиритуална.

Роман Кисјов е роден 1962 г. во Казанлак, Бугарија. Дипломирал на Националната уметничка академија во Софија. Имал самостојни изложби во Софија, Виена и Берлин, учествувал во голем број групни изложби во Бугарија и во странство. Илустрирал десетици книги од светски поети.

Автор е на десетина поетските книги за кои е наградуван дома и во странство. Неговата поезија е преведувана на дваесетина светски јазици, меѓу кои на англиски, италијански, француски и руски. Вклучен е во поетски антологии во Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Индија, Нагорно-Карабах, во Меѓународната антологија на англиски јазик „Поети за светски мир” во 2011. Учествувал на престижни меѓународни фестивали на светската поезија. Живее и твори во Софија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска