Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на уметницата Букурије Осеку-Даладаку.
На изложбата, насловена FACES, ќе бидат претставени триесетина слики во маслена техника работени во последните години.
Преку различни техники таа ги пренесува човековите чувства и размислувања преку нејзината длабочина на мислата и посебната визуелна перцепција.
Изложбата ќе ја отвори академик Луан Старова.
Осеку-Даладаку е родена во 1958 во Скопје, а од 1990 година живее во Лар, Германија. Од 2009 е доцент на Академијата за ликовна уметност во Лар. Досега има одржано повеќе самостојни изложби во земјата и во странство.