Изложба на македонската млада уметница Анџелика Јорданова ќе биде отворена вечер во арт кафето „Концепт 37“.
Изложбата, која ја сочинуваат фотографии, накит и рачно сликани парчиња облека, е инспирирана од традиционалната јапонска култура.
– Инспирацијата за оваа колекција е убавината на природата околу мене, во спој со традиционалната јапонска уметност и претставува своевидна рефлексија на мојата духовна состојба.
– Материјалите кои се користени прават строга референца за Јапонија, безживотните плодови од морето и почвата добија свој уникатен карактер во дела полни со морфолошки лица. Црвената боја е доминантна и има различни симболички значења во јапонската култура, како зајдисонце, свето место, ново раѓање и љубов, вели уметницата Јорданова.
Музичката поддршка за настанот е на Ненад Стефаноски, а дизајнер на постерите Анита Палческа.