Изложбата на дела од прилепскиот уметник Александар Џинго вечер ќе биде отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Уметникот Џинго пред прилепската публика ќе се претстави со 20-тина дела – колаж.
Александар Џинго е член на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп и досега имал бројни самостојни и групни изложби, а учествувал и на повеќе ликовни колонии.