Изложба на акварели на Васко Ташковски во Куманово

Од:

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на акварели на академикот Васко Ташковски. Кумановската публика ќе има можност да разгледа 40-тина акварели кои академикот ги работел во подолг временски период од 1991-2018.

– Кумановската публика ќе има можност да разгледа 38 акварели. Ги поканувам заинтересираните да ја проследат изложбата, вели директорот на кумановскиот Центар за култура, Роберт Цветковски.

Васко Ташковски е роден 1937 година во село Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958, а дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1964 година. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, повремено работи и графички дизајн. Досега реализирал 52 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на 18 награди и признанија. За неговото творештво снимени се осум телевизиски филмови.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска