Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Од:

Галеријата „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ со особена чест и радост Ве поканува на отворањето на изложбата „Quo Vadis“ на академскиот сликар Валентина Поцеска, во четврток 14 март 2024 година од 19 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае во текот на март 2024.

За изложбата д-р Коста Милков вели, „Во изложените дела на Поцеска доминираат три геометриски форми, триаголникот, кругот и квадратот. Според нејзиниот уметнички и духовен сензибилитет овие форми се „врската“ меѓу физичкото и духовното. Од една страна, тие претставуваат физички фигури врз кои се темелат основните архитектонски закони, а од друга страна, секој од нив е симбол за определена духовна димензија. Од христијанска толковна точка кругот е симбол на вечноста, триаголникот на Светата Троица, а квадратот на правдата и на вистината. Оваа интуитивна „теолошка“ беседа на Поцеска станува повпечатлива со не толку честото, но значително, вклучување и на фигурата на крстот – најважниот христијански симбол. Колажните апстракции на Поцеска се втемелени во катафатичките физички феномени и конципирани преку апофатичките метафизички идеи.

На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков и директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова.

Валентина Поцеска е родена 1965 во Скопје. 1987 Дипломирала на ФЛУ во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1992 работи во „Национален конзерваторски центар – Скопје“ во одделот за конзервација на икони.

Би можело да ве интересира

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“