Изложба на академскиот сликар Слободан Тимчевски-Линка

Од:

Во Уметничката галерија во Куманово вечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на дела „Моменти 2“ од академскиот сликар Слободан Тимчевски-Линка.

Ќе бидат претставени триесетина дела работени во техниката акрил на платно. Претходно ликовниот наставник од Куманово Тимчевски изложи 25 дела во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на изложба насловена „Моменти“.

Вечерашната ќе биде негова четврта самостојна изложба. Тимчевски учествувал на групни изложби и на повеќе од 20 интернационални ликовни колонии.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски