Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Агрон Салиу.
Според критиката, во центарот на интересот на креативноста на Салиу е човекот со карактеристики и духовни финеси кои се одразуваат во лицето и каде, преку очите, мимиките и знаците, се рефлектира неговиот внатрешни свет.
Агрон Салиу роден е 1984 година во Тетово. Дипломирал на Тетовскиот Универзитет, на факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство во класата на Илирјан Беќири.
Учествувал на многу групни изложби, проекти, активности во културата, во земјава и странство.