Изложба на Афердита Кики во македонскиот центар во Софија

Од:

Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија синоќа беше отворена изложбата „Есен“ на уметницата Афердита Кики, која се претстави се асамблажи и колажи од својот најнов творечки опус.

Ова беше нејзино прво претставување во главниот град на Бугарија, а нејзиното гостување е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија и остварено во соработка на македонскиот Културно-информативен центар во Софија и Националната галерија на Македонија.

Изложбата ја отворија директорот на македонскиот центар Васко Шутаров, директорката на Националната галерија на Македонија Халиде Палоши и кураторот на изложбата Љупчо Маленков.

На 26 септември во организација на Културноинформативниот центар во Софија во галеријата „Париз/Москва“ ќе биде отворена изложбата на скулпторот Жарко Башески, а на трети октомври изложбата „Моми“, и двете во соработка со Музејот на современа уметност во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска