Врз основа на архивската фото-документација, локалниот музеј-галерија Кавадарци денеска ќе ја отвори изложбата „Музејот во Кавадарци низ фотографии”.
– Преку призмата на 280 фотографии, ретроспективно се презентирани моменти од отворање на изложби од ликовна и музејска дејност, Спомен соба на Никола Бадев, промоции и настани реализирани во Музејот. Целта на изложбата е да ја потсетиме јавноста на активностите реализирани во Музеј галеријата во делот на музејската дејност, финансиски поддржани од градоначалникот Митко Јанчев со Совет на општина Кавадарци и Министерство за култура, во соработка со сродни институции од градот, нашата држава и надвор од неа, информираа од Музејот.
Оттаму нагласија дека настанот ќе биде согласно превентивните мерки за заштита од вирусот Ковид-19.