Изложба „Мајки, божици и кралици“ во КИЦ Софија

Од:

Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, беше отворена изложбата “Мајки, Божици и Кралици” од ликовниот уметник Благојче Наумоски-Бане. Изложбата ја отвори директорот на Центарот во Софија, Васко Шутаров.

Од КИЦ во Софија наведуваат дека во оваа необична ликовна концепција, низ визурата на авторот преку геометризирана естетика на препознатливи женски ликови, може да се следи авторова преокупација и потрага по енергијата од принципот на божественото, изразена преку геометриски форми.

Благојче Наумоски е роден 1985 година во Кичево, Р Македонија. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2007 г), на педагошкиот оддел сликарство во класата на проф.Рубенс Корубин. Магистрира од областа на сликарството во класата на проф. Јован Шумковски (2009 г). Од 2012 г. работи како асистент на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универитет во Скопје, а од 2016 г, станува доцент на истиот факултет. Изложувал во Берлин, Њујорк, Отава, Љубљана, Париз, Прага, Виена, Хаифа, Приштина. Ова е негово прво самостоно претставување во Софија.

Изложбата е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски