Изложба „Лица“ на Воскресија Андреевска

Од:

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе бидат претставени 80-тина слики и цртежи изработени во разни техники од младата уметница Воскресија Андреевска.

Преку циклусот „Лица“, љубителите на уметност ќе имаат можност да се запознаат со имагинарниот свет на Андреевска.

– Се чувствувам како дете кое првпат фатило четка во раката и заборавило каде се границите на листот на којшто создава. Она што го создавам е одраз на моите емоции, импулсот што ме води, мисли кои сакам да ги овековечам. Кога творам, ги откривам скриените делови на мојот дух, се ослободувам и живеам во својата реалност…, вели Воскресија Андреевска за своето творештво.

Ова е прво самостојно претставување на Андреевска во Македонија. Нејзината прва самостојна изложба се одржа во Лексингтон, Северна Каролина, САД, уште за време на студиите на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во рамки на нејзиниот престој во фондацијата АСОЛАРЕ (ASOLARE Fine Arts Foundation) таа самостојно изработила и мурал од осум метри квадратни.

Освен со сликарство, Андреевска се занимава и со графички дизајн и досега има добиено неколку признанија од оваа област. Изложбата ќе биде отворена до 14 ноември.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска