Изложба „Кумамото Артполис – архитектура преку комуникации“

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба со наслов „Кумамото Артполис – архитектура преку комуникации“, организирана во соработка со Јапонската фондација од Токио и Амбасадата на Јапонија во Виена, која за посетители ќе биде отворена до 4 октомври.

„Кумамото Артполис“ е иновативен проект од 1988 со цел изградба на општински и приватни објекти во префектурата Кумамото во Јапонија. За проектот биле поканети еминентни архитекти од регионот и надвор од него за да дизајнираат најразлични видови објекти. Иницијатор бил гувернерот на Кумамото, Марихиро Хусокава, кој заедно со истакнатиот јапонски архитект Арата Изосаки го почнал  архитектонското движење „Артполис“.

Основна идеја на движењето била  да обезбеди архитектонска култура во префектурата Кумамото, создавајки атрактивен регион, но преку него да му даде модел на архитектонска култура и на современиот свет. На тој начин префектурата Кумамото во 25-годишното постоење е претворена во музеј на современата архитектура, место кое само за себе е генератор на нова архитектура. Покрај Арата Изосаки, во креацијата и организацијата на проектот учествувале и познатите архитекти Теичи Такахаши и Тојо Ито.

На изложбата во Музеј на Град Скопје ќе бидат претставени проекти на повеќе од 70 истакнати јапонски и светски архитекти изведени во рамки на „Артполис“. Голем дел од проектите биле наградувани повеќепати на светски архитектонски претставувања.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска