Изложба „Куферот на Макс Фриш“ и промоција на книга „Тревога“ во Кинотека

Од:

Во изложбениот салон и летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на Македонија вечер, со почеток во 19 часот, се организира заеднички настан – отворање на изложбата на уметнички објекти „Куферот на Макс Фриш“ на Владимир Симоновски и промоција на поетската книга „Тревога“ од Иван Додовски.

Говор за изложбата и за книгата ќе одржи проф. д-р отец Стефан Санџакоски, а специјални гости се: Александра Јоаниду (Солун), Вил Фирт (Берлин), Драган Никчевиќ (Белград), Крсте Роџевски (Њујорк), Мати Грунберг (Тел Авив), Јулија К. Станкова (Софија), Александар Павловиќ (Белград), Никола Маџиров, Беди Ибрахим, Димитар Башевски, Вера Милошевска, Атанас Георгиев, Сенка Анастасова, Владо Ѓорески-Рафик и Венко Серафимов.

Изложбата „Куферот на Макс Фриш“ на Владимир Симоновски, се состои од триесетина експонати изработени со специфична техника и материјали – дрво, фурнир, апликации и колористички детали – кои заедно прават уникатни релјефни структури.

„Тревога“ е четврта по ред поетска книга на Иван Додовски. Таа содржи педесетина песни пишувани во подолог период. Книгата е поделена во четири циклуси, со пролог и епилог, и претставува осмислена целина на лирски рефлексии за политичкото, духовноста, телесноста и за љубовта, како и за односот кон светот и кон божественото под товарот на неизвесноста што настапува во новиот милениум.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски