Изложба „Како што е“ на Антони Мазневски во Чифте амам

Од:

„Како што е“ е најновиот ликовен проект на уметникот Антони Мазневски. Изложбата ќе биде поставена во Националната галерија, во објектот на Чифте амам, во периодот од утре до 6 ноември 2020 година.

Проектот „Како што е“ го афирмира интересот за космичката интеракција и можноста за нејзина реинтерпретација. Морфолошката слика илустрира геометриски ликовен ракопис, индивидуален метод, животен пулс.

Целта на изложбата, соопштуваат организаторите на изложбата, е да се презентира неговата понова, седумгодишна продукција пред јавноста. Да се предочат неговите истражувања и усовршувања во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации. Да се упати или повика другиот на разговор.

Антони Мазневски завршил додипломски и магистерски студии на ФЛУ, Скопје. Остварил специјалистички студии во Салцбург и студиски престој во Њујорк и Париз. Работи како редовен професор на катедрата по сликарство при ФЛУ, УКИМ. Во својата творечка активност има реализирано дваесеттина самостојни и многу групни изложби во земјата и странство, како на пр.: Њујорк, Токио, Париз, Виена, Берлин, Венеција, Лондон, Визбаден, Касел, Нирнберг, Минхен, Рим, Белград, Лоѓ, Прага, Александрија итн. Неговите дела се дел од колекциите на неколку значајни музеи и ликовни институции како на пример: Музеј Албертина (Виена), Музеј Самлунг Есл, (Виена), Александрија Библиотека (Египет), Музеј за современа уметност (Скопје), МАНА Контемпорари (Њујорк), АртСлинк (Њујорк), Музеј Модерна Галерија – Риека (Хрватска) и др.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска