Изложба „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“ во Чифте амам

Од:

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“ во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби.

Tворбите од керамика кои ќе бидат претставени на изложбата ги изработија ученици со оштетен слух и говор од училиштето ДУЦОР „Партенија Зографски,“ и учениците од СУГС ,„Јосип Броз-Тито“. Проектот е реализиран под менторство на Маја Димитрова, едукатор, а изложбата трае до 5 декември.

Од Националната галерија на Македонија информираат дека со години наназад организираат различни креативни работилници преку кои учениците развиваат сензибилитет за ликовно изразување, совладуваат нови ликовни техники, развиваат социјални вештини и создаваат многу нови пријателства.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски