Во Националната галерија на Македонија- Мала Станица вечер ќе биде отворена изложбата „Изуми за вас прекрасни луѓе“ на авторот Ѓорѓе Јовановиќ.
Тој на 10. Биенале на млади уметници одржано во НУ Музеј на современата уметност минатата година ја доби Наградата за реализирање на самостојна изложба.
Со свите најнови дела, Јовановиќ продолжува да ги истражува формите на социјалните структури создавани во специфичен транзициски период со збунувачки т.н. пост – идеолошки продукти.
Изложбата ќе биде отворена до крај на месец ноември.