Изложба „Идентитет“ на Гордана Винчиќ

Од:

Дваесет најнови дела од колекцијата „Идентитет” на уметницата Гордана Винчиќ ќе бидат претставени на изложба во „Кафе Ли арт“ вечер од 20 часот.

Делата визуелно прикажуваат индивидуи кои патуваат кон својот идентитет. Претставени се во разновидни емотивни состојби, како несигурност, замисленост, рамнодушност и носталгија, но сите, според авторката, делат заедничка мечта и желба за промена кон подобро.

–Со моите дела се обидувам на набљудувачот да му го насочам вниманието кон кризата на идентитетот со која се соочува современиот човек. Отсекогаш ме инспирирала таинственоста на потсвеста. Сметам дека современиот човек го има изгубено својот идентитет низ векови заробувајќи се во актуелните и конвенционалните начини на размислување. Социјалните мрежи, секојдневните проблеми и информативните притисоци од сите страни го оддалечиле од суштината, божественото и вистинските благодати на животот, истакнува Винчиќ.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска