Изложба со хуманитарен карактер на ликовниот уметник Сулејманоски

Од:

Во Домот на културата во Ростуше, администартивен центар на општина Маврово и Ростуше, беше отворена изложба со хуманитарен карактер на познатиот македонскиот ликовен уметник, Адем Сулејманоски.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на неделава.

Поставените 30 фотографии, шест слики и три мозаици, може да се купат, а прибраните средства ќе бидат донирани за лекување на Амина Шаиноска (27) од село Броштица, општина Центар Жупа, која боледува од акутна лимфобластна леукемија и која во моментов се наоѓа во клиниката во Гетинген, Германија.

– Ова е најмалку што можам да направам, како човек за да се спаси еден млад живот. Хуманоста што ја имам наследено од родителите не ми дава да останам рамнодушен и помагам секаде, каде што е потребна помош што јас можам да ја дадам, вели скромно Сулејманоски, кој додава дека доколку би имал можност сето ова би го направел анонимно.

Оваа хуман чин на Сулејманоски го поздрави и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртоски,која ја посети изложбата заедно со голем број граѓани и ученици.

Уште во текот на денов речиси пола од изложените дела добија свои сопственици, а следните деновиве се очекува да бида продадени и преостанатите.

Педесет и седум годишниот Сулејманоски е роден и живее во Ростуше, каде моменто е директор на Основното општинско училиште „Ѓорѓи Пулески“. Учествувал на многу групни изложби во повеќе градови низ Македонија, каде имал и самостојни изложби. Самостојно изложувал во Швајцарија, Србија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска