Изложба FLUX IDENTITY во Чифте амам

Од:

Во објектот Чифте амам вечер ќе се отвори изложбата FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со македонските уметници, организирана од Националната галерија во соработка со Канадската Амбасада и невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија.

Изложбата ќе ја прикаже сцената на современата уметност во Канада преку делата на девет канадски уметници од Квебек Сити, Монтреал, Торонто, Отава и Ванкувер: Два Гуливер (Бесник и Флутура Хаџилари), Милутин Губаш, Сандра Брустер, Весна Перунович, Коко Гузман, Боја Васиќ , Стјуарт Рид, Садко Хаџихасановиќ. Во Скопје, со уметници од Канада, на истата тема, ќе се организира ликовниот дијалог заедно со избраните уметници од земјава Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ Радевска, Велимир Жерновски, Шќипе Мехмети.

Тие ќе се здружат околу темата за идентитетот разбрана во широка смисла, со многу паралелни слоеви, препознаени по својата тенденција да бидат флуидни и пропустливи. Може да се разгледа од различна почетна перцепција: национална, полова, економска, културолошка, технолошка, социолошка, антрополошка, етнолошка религија, итн. Во многу делови на светот, оваа тема е многу актуелна во денешно време. Тоа е една од темите што ја поврзуваат Канада со земјите од Југоисточна Европа кои се соочуваат со проблеми предизвикани од различни и разновидни идентитети. Позитивен пример за канадски соживот и толеранција меѓу вкрстените идентитети може да отвори динамичен и важен дијалог.

Автор на проектот и куратор е Светлана Младенов од „Визарт“ – Нови Сад, стручна соработка на проектот е на Весна Перуновиќ, а кустос-соработник од Националната галерија е Ана Франговска.

Изложбата ќе биде поставена до 26 февруари.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска