Изложба „Феникс“ од авторот Марјан Стојаноски во Кичево

Од:

Изложба на дела насловена „Феникс“ од прилепскиот автор Марјан Стојаноски ќе биде отворена вечер во 19 часот во Центарот за култура во Кичево.

Уметникот пред кичевчани ќе се претстави со 10 дела, скулптури во метал и во дрво, работени во 2017 година.

За делата на Стојаноски се наведува дека во нив се препознава стилска генеза, несвесниот афинитет кон исконската желба, крајот да претставува нов почеток, патот да биде круг, бесконечен…Марјан Стојаноски, се посочува, е уметник, заговорник со намера вредноста и содржината на уметничките скулптури да ги изработи во привлечни и интересни, со активна мисла и чувство, да дејствува и ја овозможи комуникацијата меѓу делото „скулптурата“ и човекот…

– Не случајно оваа изложба го носи името на сончевата птица „феникс“ чиј животен век е 500 години. Легендата вели самата се запалува на клада која сама ја подготвува, и потоа од нејзината пепел повторно се раѓа, подмладена…Таа е симболот на бесмртноста, на бесконечноста на нашето постоење и после неизбежниот крај. Овие скулптури се реален приказ токму на континуитетот на опстојувањето на човештвото, за вродениот оптимизам и амбиција на човекот, да се биде одново и после телесното да остане линијата на духовното во фигуративна смисла, искажана преку симболиката…да биде вечен човекот во животот, се наведува за изложбата.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршил во Уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврата е претседател на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП), а во 2015 година, ја добива наградата од ова Друштво за скулптура „Јордан Грабул“. Има реализирано голем број изложби, самостојни и групни. Живее во Прилеп, каде што и работи во Центарот за Култура „Марко Цепенков“ – ликовна дејност.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски