Изложба „Експериментален цртеж“ во уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје

Од:

Во уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“.

Од Друштвото на ликовни уметници информираат дека на изложбата учествуваат 30 уметници и тоа Ана Ивановска, Ангелца Стоиљковиќ, Аница Китановска, Ацо Таневски, Валентина Илијевска, Вања Дуза, Виолета Чапоска, Гордана Вренцоска, Дејан Иванов-Маргуш, Ѓорѓи Динев, Златко Глигоров, Игњат Шќеќиќ, Јана Јакимовска, Јана Луловска, Јана Манева-Чупоска, Кирил Гегоски, Кристина Пауновска Гиразова, Лусиана Ампева, Марија Светиева, Марија Трајановска, Марија Мицова Гацова, Марина Цветановска Мартиновска, Мила Добревска, Ненад Тонкин, Стефан Јакимовски, Стефан Младеновски, Слободан Милошевски, Слободан Живковски, Стефан Анчевски, Тања Таневска.

– Во ова издание на изложбата на ДЛУМ „ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ 2023“, без зададена тема, но со назначени пропозиции и димензии, уметниците цртежот го практикуваа во нивниот карактеристичен ракопис, внесувајќи експеримент и се чувствува освежување во третманот на техниката цртеж на хартија, велат од Друштвото на ликовни уметници.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска