Изложба „Дел од мене“ во Прилеп

Од:

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата „Дел од мене“ на двајцата млади прилепски уметници Дарко Талески и Ферди Булут.

Како заедничка компилација од видео, фотографии и инсталација, уметниците испраќаат порака дека уметникот секогаш е поврзан со животот, луѓето, со поднебјето каде што живее, а во Прилепско, одгледувањето тутун го одредува начинот на живеењето.

– Оваа изложба е составена од видеопрезентација, фотографии и инсталации, а централно место зазема саргијата, ткаенината исткаена од коноп во која се калапи тутунот. Таа е илузија на втора кожа. Тоа покажува дека уметниците не може да бидат одделени од начинот на живеењето на луѓето околу нив и длабоко ги преживуваат сите тешкотии кои тие ги имаат, вели Талески.

Булут, пак, го посочува макотрпниот живот на тутунарите. – А саргијата е како втора кожа која се впива во човекот и остава трајни белези и доказ колку е тежок животот, вели Булут.

За публиката изложбата е ново, необично и многу впечатливо искуство, зашто се ретки ваков тип изложби во Македонија. Изложбата „Дел од мене“ е во рамки на манифестацијата Нов културен бран на Министерството за култура.

Уметниците Талески и Булут изложбата „Дел од мене“ на 29 септември ќе ја претстават во Берлин во галеријата на Јован Бабов.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски