Изложба „Б – линии“ – поглед кон берлинската ликовна сцена

Од:

 „Б – линии“ е насловот на изложбата од 15 автори кои доаѓаат од Берлинската ликовна сцена што утревечер ќе биде отворена во изложбениот простор на НЛБ Тутунска банка, како дел од Скопско лето 2013 година. Содржи 30-тина дела – цртежи во современи техники, кои авторите ги изработиле специјлано за овој проект.

Според кураторот на изложбата македонскиот уметник Јован Балов, кој живее и работи во Берлин, постановката нуди поглед на продукција на современи содржини на берлинската ликовна сцена, односно сликарството и цртежот кои се во знакот на традиционалната сликарска постапка.

– Оваа изложба ја подготував три години, помина низ неколку фази и на почетокот вклучуваше 10 автори, а сега се 15. Го следев развојот на берлинската сцена од 2000-та година наваму каде забележав голем интерес за фигуративното, реалистично сликарство. Се што е поврзано со, до тогаш, лошиот атрибут „традиционално“ или „класично“ стана елемент во градење на современ концепт. И многу талентирани колеги се вратија кон тој концепт и почнаа врз основа на тие вредности да ги градат своите современи естетски размислувања, рече Балов кој и самиот е еден од учесниците на излобажата.

Тој додава дека изборот на авторите го направил според тоа што принципилено останале доследни на својот ликовен израз или се надоврзале кон новите случувања во уметноста и станале важни и домаинантни не само на германската сцена туку и пошироко на светско рамниште. Тоа се автори кои доаѓаат од разни делови во светот, но творат во Германија.

Покрај германските уметници Малте Брантс, Карола Гелнер, Мартин Јуеф, Свења Шуфлер и Даниел Самбо Рихтер, дел од изложбата се и уметници од различни држави кои живеат во Берлин, како Лаура Брус од САД, Гења Шеф од Русија, Димитар Христов и Ана Матовска од Македонија, Кавата Мбити од Швајцарија, Ловро Артуковиќ од Хрватска, и Кристина Артола од Шпанија.

Ерменскиот уметник Арчи Галенц, кој втор пат изложува во Македонија, ќе се претстави со неговото интересно видување на географските карти на кавкаскиот и на балканскиот регион преку две дела насловени „Балканска рапсодија“ и „Кавкаска рапсодија“.

– Гледам многу паралели меѓу Ерменија и Македонија. Живееме во интересно време кога светот се менува и многу работи се случуваат. Затоа се обидов на метафоричен начин преку фигурата, односно географијата, да бидам провокативен, вели Галенц.

Ана Матовска, пак, е задоволна што е дел од овој проект кој обединува квалитетни автори.

За Проектот „Б-линии“, Балов е во преговори да биде прикажан следната година во Музејот за современи уметности во Загреб, во Музејот за уметност во Ереван, Ерменија, како и во еден од врвните музеи во Берлин. Во 2015 година проектот патува во Бразил каде ќе биде вклучен во неофицијалната програма на Биеналето во Сао Паоло.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска