Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложба „Always Ready“ на Неда Фирфова. Изложбата е продолжение на нејзиното истражување на масовните игри т.е. слетови во Тирана.
– Фирфова го истражува исчезнувањето на илјадници картонски книги од Кина кои се користеле за да се формира идеолошката слика на масовните игри во Албанија, кои се одржувале на 1 мај за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, информира МКЦ.
На изложбата ќе бидат претставени книги кои ги изработила авторката Фирфова, според сведоштва на луѓе кои се присетувале на слетовите во Албанија, две нови дела како и каталогот за настанот.