Изложба „40 години од првите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари во Скопје”

Од:

Во НУ Археолошки музеј на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата „40 години од првите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари во Скопје”.

Со оваа изложба се одбележуваат три јубилеи кои се поврзани со локалитетот Тумба Маџари: 80 години од раѓањето на Воислав Санев, првиот истражувач и промотор на овој локалитет, 40 години од почетокот на археолошките истражувања во 1978 год. и 10 години постоење на комплексот „Неолитското село”, како прв музеј под отворено небо во рамките на Тумба Маџари.

Преку презентираниот археолошки материјал во изложбата, НУ Археолошки музеј на Македонија уште еднаш потсетува на големото научно и културно значење на оваа неолитска населба, стара 8.000 години. Изложбата е посветена на сите истражувачи и учесници во археолошките ископувања кои дадоа свој придонес во афирмацијата и промоцијата на Тумба Маџари и неолитската култура ширум светот.

Автор на изложбата е кустос советникот м-р Елена Стојанова Канзурова. Промотор на изложбата е кустос советникот Ирена Настева Колиштркоска.

НУ Археолошки музеј на Македонија ја организира оваа изложба како дел од традиционалната манифестација „Недела на археологијата”, финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска