„Изгубени Германци“ вечерва на Охридско лето

Од:

Претставата „Изгубени Германци“ во изведба на ѕвездите на Македонскиот народен театар и на веќе етаблираното, потврдено режисерско-актерско дуо, Слободан Унковски – Дејан Дуковски е на вечерашната програма на Охридското културно лето.

– Исклучителна претстава која на повеќе нивоа го побуди интересот во Скопје. Дуковски во својот најнов текст асоцира на она што Буњоел го прави во „Ангели на искушението“ или Јонеско во „Маѓепсаниот круг“, неможноста да се излезе од тој имагинарен простор – рече селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолевски за утрешната театарска претстава.

Претставата како една апсурдна драма содржи многу комични елементи, некаков цинизам, што е нова линија во опусот на авторот Дуковски, додека режисерот Унковски има исклучителен пристап во реализирањето на темата, исфрлајќи ги актерите во преден план.

Самата приказна во претставата се одвива некаде на крајот на Втората светска војна, во рудник на тромеѓето меѓу Југославија, Грција и Бугарија, каде пет Германци и еден Италијанец надгледуваат ископување непостоечка руда во испостен рудник…

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје