Избрани најдобрите во класична музика, кореографија и театарски балет на „Езерски бисери“

Од:

Виолинистката Ева Богоевска и пијанистот Шкељзен Бафтиари од Македонија и хорот „Мелодија“ од Русија беа најуспешни на натпреварите во класична музика на меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“ што синоќа се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Струга.

Во дисциплината кореографија и театарски балет првото место го освои театарскиот колектив „Студија“ , а второто и третото студиото „Мост“, и двете од Русија.

Најдобрите од категоријата класична музика освоија награди лауреати од прв степен, но ќе добијат и специјални награди „Бисери“ на фестивалот, бидејќи ги освоија максималните 100 поени од жирито.

Уметниците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, класична музика- солисти на виолина, пијано, флејта, хармоника, соло пеење, вокално инструментални и камерни состави. Меѓу наградените се и пијанистот Матеј Божиновски, виолинистката Стефани Радинска, пијанистките Нита Груби и Марија Николовска од Македонија, триото Наиса од Србија, Жумалиева Акслу Утрабаевна од Казахстан за соло пеење итн.

Во рамки на фестивалот вечер во Центарот за култура во Струга ќе се одржат  натпреварите во естрада, кореографија и фолклор.

Фестивалот „Езерски бисери“ се одржува традиционално 10. пат, од 5 до 13 август во Струга, а учествуваат над 300 учесници од Бразил, Тајван, Украина, Русија, Белорусија, Србија, Хрватска, Македонија.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он