Центарот за современи уметности – Скопје и ФРУ – Факултет за работи што не се учат Битола/Скопје, соопштуваат дека по пристигнатите пријави за наградата ДЕНЕС за 2016 година, за млад визуелен уметник во Македонија до 35 години, се избрани финалистите од пристигнатите пријави.
Жири комисијата во состав Мирослав Кариќ, историчар на уметнст и куратор од Белград, Ана Франговска, историчарка на уметност и кураторка од Скопје, Јованка Попова, историчарка на уметност и кураторка од Скопје, Александра Бубевска, новинарка од Скопје и Иван Ивановски, уметник која ја доби наградата во 2014 година ги разгледа пристигнатите пријави на 30 март и ја донесе одлуката за номинација на четворица уметници кои ќе учествуваат на наградната изложба ДЕНЕС 2016.
Номинирани уметници се Маја Кировска, Драгана Заревска, Ана Јовановска и Зорица Зафировска.
Изложбата ќе се отвори на 20 април, во НУ Национална галерија на Македонија, Изложбен простор Чифте амам.