Иванките повторно атрактивни во Ресен

Од:

Обичајот „Иванка“ кој се празнува на Иванден е посебно препознатлив и најкарактеристичен за територијата на Преспа. Оваа уникатна преспанска традиција се почитува и годинава, на празникот Иванден, кога локалното население изработува кукли наречени Иванки.

Седма година Домот на културата „Драги Тозија“ е организатор на манифестацијата која, како што вели директорот Васко Василевски, нè навраќа на нашите корени и национални вредности.

– Облекувањето на куклата Иванка секогаш одговарало со начинот на облекување на локалното население. И годинава пред нашите сограѓан беа претставени изработените Иванки, како симбол на денешниот празник – Иванден. Голем број деца, потпомогнати од нивните мајки и баби се повеќе се вклучуваат во оваа традиција и постојано расте бројот на учесници. Затоа, ние не ги одделуваме сите учесници и во знак на благодарност изработувачите на Иванките се симболично наградени со 500 денари, посочи Василевски.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и се одржа напладне на платото пред Ресенскиот Сарај.

Денот на раѓањето на свети Јован Крстител, 7 јули, или во народот познат како Иванден, има особено значење во Преспанскиот Регион. Иако делови од ова празнување може да се сретнат и во други краишта, се чини дека во Ресен и Преспа го има најубавото одбележување.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ