Од утре до 15 мај, во рамки на третото издание на Меѓународниот театарски фестивал МНТ фест ќе се претстават уметници од Италија од регионот Апулија. Ќе бидат прикажани повеќе театарски и танцови претстави и филмски проекции.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски, кој ја претстави програмата. Нагласи дека овие четири дена ќе бидат празник на италијанскиот театар и култура во Скопје и во Република Македонија.
Отворањето е утре во 19 часот со претставата „Сон на лентата ноќ“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Антонино де Нито.
Според критиката, како што рече, тоа е претстава која зрачи со свежина и со ведрина од сите пори.
– Весела е и многу забавна. Играат актери од Италија, Србија, Хрватска, Црна Гора, рече Пројковски. Репризата на претставата е в петок, во 20 часот.
Националната опера на борците гостува в сабота во 20 часот со „Планинските џинови“, по сценарио на Валентина Дијана, а во режија на Џузепе Семераро. Според режисерот, тоа е непромислено драмско дело кое од пиранделовски театар иронично се стреми да создаде театар поради театар, уметност поради уметност.
В недела во 19 часот ќе биде прикажана танцовата претстава „Во темната кружиме ноќ и не голтаат јазици, пламни“ на театарот Алдес од Лука. Во 21 часот е проекцијата на филмот „Земјата каде што дрвјата летаат, Еуџенио Барба и годишнината на Один“ во режија на Давиде Барлети и Јакопо Квадри.
– Проекцијата на овој филм ја добивме благодарение на Франко Унгаро. Филмот е посветен на големиот светски режисер Еуџенио Барба и неговиот сега култен Один театар. Филмот претставува екслузивна можност да се погледне работата на Один театарот, рече Пројковски.
Франко Унгаро, директор на Медитеранската академија на актери и уметнички директор на театарот „Сан Доменико“ од градот Крема информира дека програмата со која се претставуваат е резултат на долгогодишната соработка со Пројковски. Додаде дека во изминатите 10 години направиле многу заеднички проекти и голем број активности.