Истражувања на храмот на Изида во Стоби

Од:

На локалитетот Стоби се во тек археолошки истражувања на источниот дел од Комплексот на храмот на египетската божица Изида. Во согласност со проектот, финансиран од Министерството за култура, предвидените активности опфаќаат доистражување на придружните простории на храмот во кои, најверојатно, престојувало свештенството и оние што биле подготвувани за иницијација и посветување на култот.

– За време на истражувањето е откриен натпис од кој се дознава дека храмот бил посветен на Изида и на нејзиниот придружник Серапис. Култот на божествената двојка е широко распросранет и прифатен во римскиот период на Медитеранот, вклучувајки ги и нашите простори, за што е потврда токму овој објект, кој датира од римски империјален период, информира Министерството за култура.

Храмот на Изида со двете подземни простории во кои се вршеле ритуали поврзани со мистичниот култ на божицата беше откриен во рамките на археолошките истражувања во 2008 година, целосно беше доистражен во 2010 година, а во 2012 година објектот е конзервиран и презентиран како значајна единица на археолошкиот локалитет Стоби.

Во текот на археолошките истражувања, покрај откриените структури од комплексот, евидентиран е богат движен археолошки материјал, од кој се издвојува монументалната мермерна скулптура на Изида.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска