„Интеграција на идентитети“ – изложба на македонски и бугарски уметници

Од:

Во галеријата Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ со дела од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија. Изложбата е иницирана од групата уметници „Конекција“ и продуцирана од македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија и претходно беше претставена во Пловдив и во Софија.

На изложбата ќе учествуваат уметниците од Колектив Зеро, Шќипе Мехмети, Атанас Ботев, Ибрахим Беди, Исмет Рамичевиќ, Роберт Јанкуловски, Ацо Станковски, Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Зоран Мише, Перица Георгиев, Иво Пецов, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Десислава Христова, Иван Ќуранов, Лилајна Караџова, Генади Гатев, Росен Тошев, Свилен Стефанов и Нина/Вале.

Иницијаторот на проектот – ликовната група „Конекција“ во која членуваат седум македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија, во претходните неколку години направи изложби во речиси сите поголеми градови во Бугарија. Оваа година концептот на групната изложба е проширен со нови автори и тематски е збогатен.

Идејата за поврзување на творештвата на авторите од двете земји беше поддржана од Министерството за култура, а во подготовките и остварувањето на проектот помогнаа кураторите од Северна Македонија и Бугарија – Горанчо Ѓорѓиевски и Свилен Стефанов.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска