Институтот за македонска литература организира трибина за хип-хопот

Од:

Институтот за македонска литература денеска ќе организира трибина насловена: „Хип хоп култура (40 години уметнички перформанс)“, а поводот е 40-годишнината од првата хип-хоп песна „Раперс дилајт“ изведена од групата Д’Шугархил Генг.

– Хип-хопот како глобален тренд и популарна култура е присутен во највисоките академски средини. Во нашата земја се одржани повеќе предавања, трибини и дебати од неформалната организација Хип-хоп Македонија. Со оваа трибина, Институтот за македонска литература ја вклучува нашата Република во редот на земјите каде што хип-хоп културата се изучува на највисоко академско ниво, обработувајќи најразлични аспекти: поврзаноста со религијата, социологијата, филозофијата, политиката, револуцијата, моралот и етиката, феминизмот и родот итн, соопшти Институтот.

На трибината ќе учестуваат Маја Јакимовска-Тошиќ, Антоанела Петковска, Славчо Ковилоски, Ристо Солунчев, Дејан Методијески, Вангел Ноневски и Александар Ковилоски. Гости ќе бидат македонски хип-хопери од различни генерации, кои по завршувањето на трибината ќе може да учествуваат во планирана дискусија.

Би можело да ве интересира

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска