Инфо ден за програми на ЕУ

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните и Хоризонт 2020“ и „Работилница за Креативна Европа – Потпрограма Култура (Категорија – Проекти за соработка).

На настанот што го организира Министерството за култура во соработка со Министерството за наука и образование, ќе бидат претставени структурата и критериумите на програмите на Унијата: „Европа за граѓаните’’ и ,,Хоризонт 2020’’ со цел организциите од повеќе сектори, меѓу кои и културните и креативните сектори во РМ, да се запознаат со други можности за подготовка на европски проекти.

Инфо денот е наменет за претставниците од културниот сектор (владини и невладини организации од областа на културата), приватните организации, образовните и научните установи, претставниците на општините, локалните институции од областа на културата и други потенцијални квалификувани корисници.

Покрај информативните презентации за трите програми на Унијата, во рамките на настанот ќе се одржи „Работилница за категоријата – Проекти за соработка на потпрограмата култура“, на која детално ќе бидат разгледани електронската апликација, буџетскиот формулар и останатата пропратна документација. Крајниот рок за доставување на апликациите за ова категорија на проекти е 7 октомври 2015 година.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје