„Играш како што другиот ти свири“ – мултимедијален проект на Исмет Рамиќевиќ

Од:

„Играш како што другиот ти свири“ е насловена изложбата – мултимедијален проект од циклусот „Молк“ на ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар. Се работи за скулпторски интерктивен проект од серија различни удирачки и жичени инструменти инспирирани од историјата на балканските, европските и азиските музички култури.

– Дискретната хибридна визуализација на музички инструменти чии тела дискретно се акцентирани и завршуваат со реалистички или стилизирани куршуми измоделирани се во комбинирана техника. Во извесна смисла овој проект претставува продолжение на претходниот монументален антимилитантен проект „Молк“. Ваквата хибридизација на инструментите, како и глобалната, а особено локалната политичка состојба, спонтано го генерира насловот кој во себе содржи истовремено и констатација, но, пред сè апел – да не „играш како што другиот ти свири“. Самиот наслов непосредно реферира на влијанијата на светските центри на моќта кои се рефлектираат и реперкуираат во сите сфери на човечкиот живот, соопшти КИЦ.

Организаторот на изложбата наведува дека покрај за професионалните музичари, таа е отворена за интеракција и со публиката, така што музицирањето со различните инструменти, суптилно ќе го претставува отпорот кон севкупната современа политичка состојба.

Исмет Рамиќевиќ е професор по вајарство на Факултетот за ликовни уметности и е член на Друштвото на ликовните уметници од 1987 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска