ИФФК „Браќа Манаки“- Битола се подготвува за свеченото отворање

Од:

Триесет и деветото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола ќе почне со перформанс кој за свеченото отворање го подготвува познатиот македонски режисер Срѓан Јаниќијевиќ.

Од ИФФК „Браќа Манаки“-Битола информираат дека во перформансот ќе учествуваат Јелена Јованова и Ивана Коцева, музиката е на Надежда Рубен, аранжманот на Андреја Наунов, пијано изведба на Дуња Иванова, стихови подготви Јовица Ивановски, светло Илија Тарчуговски, а костимографијата е на Лидија Георгиева.

– Низ едноставен, минималистички пристап сакаме да ве прошетаме низ сонот на филмот, низ чувствата што што сме ги поминале, и оние кои допрва ќе следат. Да ја растуриме и одново создадеме сложувалката на филмската магија. Да и се насмееме и расплачеме на онаа уметност што не смее и расплакува, вели режисерот Јаниќијевиќ.

По свеченото отварање, премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов Изи, а веднаш потоа, во чест на годинешниот лауреат на Златна камера 300, оскаровецот Роџер Дикинс, ќе биде прикажан филмот „Истребувач 2049“.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и прокеција на „Прашина“ во Кинотека

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид