ИФФК „Браќа Манаки“- Битола ќе добие интернационална „Б“-категорија

Од:

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ наскоро ќе биде категоризиран и притоа ќе се стекне со „Б“-категорија.

Добивањето со потврдата Интернационален фестивал од „Б“ категорија ќе значи вклучување на ИФФК „Браќа Манаки“ во редот на меѓународни филмски фестивали што се одржуваат во Анже-Франција, Анталија-Турција, Хелсинки-Финска, Санта Барбара-САД, Корк-Ирска, Севилја-Шпанија… и уште педесеттина други фестивалски центри во Светот, истакна Димитар Николов, директор на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола.

– Годинешното фестивалско издание во Битола ќе биде набљудувано од посебен тим на ФИАПФ, односно асоцијација во која членуваат претставници на 27 водечки држави од светот од сферата на аудио-визуелната продукција задолжени за регулација на интернационалните фестивали. Тие треба да донесат одлука за категоризација на фестивалот. Тоа пак ќе овозможи во секое време да се биде на официјалната листа на меѓународните филмски фестивали од „Б“-категорија и да се отворат уште многу други врати и видици за ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, потврди Николов, кој веќе разговарал со Беноа Жинисти, директор на ФИАПФ.

Филмските фестивали во светот се поделени во две категории „А“ во која, меѓудругите, се фестивалот во Кан-Франција, Берлин-Германија, Карлови Вари-Чешка, Венеција-Италија и други, и во „Б“ категорија каде претендира да биде категоризиран ИФФК „Браќа Манаки“.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ