Во Новосадско позориште на 12 јануари е одиграна премиера на претставата Идиот во режија на Андреј Цветановски, а работена по романот на Фјодор Михајлович Достоевски. Во авторската екипа на овој проект се Сергеј Светозарев како сценограф, Благој Мицевски како костимограф, Димитар Анодновски како композитор, како и Јована Ракиќ како кореограф.
Во претставата играат Габор Понго како кнез Мишкин, Габриела Црнковиќ како Настасија Филиповна, Роберт Ожвар како Рогожин и Јудит Ласло во улогата на Аглаја.